Најновите трендови во изградбата на индустриските бетонски подови се поврзани со проектирањето и изведбата на така нарачените JOINT-FREE, високојакосни безфугови подови со контролирање и компензација на слободните обемни деформации на бетонот. Овој тип на под е значително супериорен во однос на досега широко употребуваниот конвенционален “условно –без фуги” JOINT-LESS бетонски под – погрешно наречен “безфугови” бидејќи во пракса терминот JOINT–LESS буквално значи со помалку фуги.
Следејќи ги светските трендови, КЕПТА разви иновативен JOINT-FREE систем KePTONITE ® дизајниран за проектирање и имплементација на безфугови индустриски конвенционални и хибридно дисперзно-армирани бетонски подови со контролирање на слободните обемни деформации на бетонот при однапред одредени компензациони вредности.
За развојот на системот KePTONITE ® на нашиот тим му беа потребни две години континуирани напори, безброј експерименти во лабараториски услови, производство и тестирање на проби, како и индустриски експерименти во реални услови на изведбата.
Тестирањето и имплементирањето на овој најсовремен систем е сложен процес, полн со многу предизвици од различна природа.
Како резултат на овие напори, со сигурност можеме да кажеме дека системот што го развиваме ги докажа своите придобивки и доверливост, откако веќе беше имплементиран и применет во изградбата на голем број одговорни индустриски проекти, и тоа :
- Глобалфарма, гр. Софија – 3 000 m2;
- Практикер „Дружба“, гр. Софија – 8 000 m2;
- парк Варна, зграда А5 - 15 000 m2 ;
- Логистички център АИКО – Софија - 8 000 m2;
- Логистички центар БПД Обиколница, гр. Софија, – 4 000 m 2;
- МД Електроникс, гр. Враца – 7 000 m2;
- Логистички центар КАМ, гр. Скопје – 15 000 m2;
- Логистички центар Quehenberger, гр. Скопие – 7500 m2;
- Алкалоид, гр. Скопје – 1700 m2;
- Реновирање на армирано бетонски ѕидови и дно на ЕЗЕРО „Западен парк“, гр. Софија, преку иновативен систем за дисперзно – армирање со во мокро торкретирање на декоративно езеро „Западен Парк“, гр. Софија - 2 000 m2;
- Безфугови самоливни системи без сушење – СТРЕЧИНГ-МАШИНА, ЕТЕМ, гр. Софија.
Со оглед на можноста за урамнотежена до целосна контрола на обемните слободни деформации на бетонот, отварањето на фугите кај бетонскиот под KePTONITE ® е значително помал отколку кај подовите JOINTLESS. Ова е исклучително важно во процесот на ефикасно функионирање на подовите во магацините и логистичките центри, кои се предмет на густ сообраќај од вилушкари и колички од различни видови.
Не е за подценување фактот дека подот KePTONITE ® генерално има потенцијал да издржи поголеми оптоварувања со намален бетонски пресек од конвенционалните “условно-безфугови” подови од типот JOINTLESS
KePTONITE ® се претпочита во споредба со конвенционалните безфугови подови, поради:
- неговата поголема носивост при намалена дебелнина;
- минимално отварање на дилатационите профили;
- почетна и долгорочна контрола на обемните деформации на бетонот
- минимизирање внатрешни напрегања, соодбетно минимизиран ризик од пукање;
- големината на полињата не е ограничена;
- нема ограничување во геометријата на полињата;
- ергономија и удобност при работа;
- полесно одржување;
TESTED
TRUSTED
EFFECTIVE