Механична обработка на основи

Методот на фрезирање се користи да се постигне правилен профил на бетонската површина, за да се израмни подот и да се подготви за понатамошна обработка.

Со овој метод се постигнува :

  • профилирање на бетонски површини;
  • спуштање на високи места;
  • отстранување на дамки и нечистотија;
  • корекција во случај на “curling” ( криви дилатациони и конструктивни фуги);
  • ерозија на површината поради неповолни временски услови;
  • отстранување на стари премази и бои – епоксидни, термопластика, ознаки, лепила и др.

Исто така фрезирањето е многу погодно за гребење на бетонските површини и за постигнување на нелизгачка завршница, бидејќи е можно да се сечат канали во бетонските рампи, патеки и товарно докови. Ова се прави со конфигурирање на алатеите за фрезирање или инструментите за сечење на барабанот.